ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Секоја чест на Омот, но ништо без Бојан Крстевски!

Секоја чест на Омот, но ништо без Бојан Крстевски!

сподели
Бојан Крстевски-бр.16 (фото: МЗТ Скопје)

Кениецот во редовите на МЗТ Скопје беше најефикасен во редовите на шампионот на тешкото гостување во Гевгелија.

Постигна 18 поени, несомнено имаше голема заслуга за победата, како и на претходните два меча на тимот од Аеродром, во АБА 2. Сепак, човекот од сенка на Ѓорѓи Кочов е искусниот центар Бојан Крстевски.

kfsm.mk

Довчерашниот играч на Работнички брзо си го најде своето место во екипата на МЗТ Скопје што и не беше многу тешко бидејќи тренерот има предвид со каков потенцијал располага тој, порано беа и соиграчи и точно знае како да го искористи. Крстевски беше на ниво и во дуелите со ОКК Слобода и Спарс, но на добро познатиот терен во Гевгелија го покажа сиот свој квалитет.

За 30 минути на теренот оствари дабл-дабл со 16 поени и 10 скока, промаши само три шута (7/10) од поле, а додаде и две асистенции. Со таква игра буквално не му дава шанса на Морнар да се избори за поголема минутажа.