ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ) Сега се соиграчи, пред 8 години близнакот му беше...

(ФОТО НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ) Сега се соиграчи, пред 8 години близнакот му беше идол

сподели
fiba.basketball

Собирот на репрезентацијата и почетокот на еден нов циклус во македонската кошарка, сигурно ќе биде емотивен од повеќе аспекти.

По подолго време во националниот тим ќе има кошаркари од повеќе генерации – од онаа фамозната што во Литванија го освои четвртото место, до новата која треба во следната деценија да биде главна.

Дел од „литванците“ беше Дамјан Стојановски, еден од легендарните македонски кошаркари. Оваа фотографија е направена една година по големиот репрезентативен успех, на турнир во Скопје. Малото дете до Дамјан, е новата млада ѕвезда на македонската кошарка – Андреј Јакимовски.

Играчот кој неколку години настапува во Италија, не крие дека близнаците Војдан и Дамјан му се меѓу омилените кошаркари. Дојде време да заигра заедно со идолите, во репрезентацијата.

Им посакуваме на двајцата, многу успех во претстојните квалификации.