ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сега дефинитивно Работнички се враќа во Скопје

Сега дефинитивно Работнички се враќа во Скопје

сподели
фото: МКФ

Иако беше најавено и за дербито со МЗТ, актуелниот шампион во престолнината ќе ја почне полуфиналната серија од домашниот плеј-оф против Блокотехна.

Натпреварот се игра на 26-ти мај од 19 часот во ВИП арената „Борис Трајковски“ каде Работнички не играл од дуелот против Парма во првото квалификациско коло од ФИБА Европа купот во септември 2017-та година.

Екипата на Марин Докузовски не можеше да игра во својата сала во Градски парк откако инспекцијата од Кошаркарската федерација утврди дека не се исполнети критериумите.

Поради тоа во Суперлигата, Работнички одигра два натпревара во Гостивар и три во Куманово и оствари четири победи и еден пораз. Единствениот пораз беше токму од Блокотехна со која најтрофејниот македонски клуб сезонава има негативен биланс (1:3 во првенството и 2:3 вкупно, сметајќи го и дуелот во Купот на Македонија).

Работнички требаше да игра во Скопје и против МЗТ во последното коло од Суперлигата, но во последен момент двата клуба одлучија да се сретнат во Куманово, без публика, во знак на револт на високите казни што ги добиваат сезонава од Федерацијат и од МВР.