ПОЧЕТНА Некатегоризирана СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Теодосиќ стави потпис!

СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Теодосиќ стави потпис!

сподели
fiba.basketball

Еден од најдобрите европски плејмејкери по пауза од половина година одлучи каде ќе ја продолжи својата играчка кариера.

Официјално, тој стана член на италијанскиот прволигаш Виртус Болоња кој трансферот го потврди на својата интернет страница. Милош Теодосиќ потпишал договор на три години и првпат во кариерата ќе игра во првенството на Италија.

За овој период ќе заработи 6,5 милиони евра со што ќе стане еден од најплатените кошаркари во Европа. Виртус претстојната сезона нема да игра во Евролигата, но со Теодосиќ ќе се обиде да ја освои титулата во Еврокупот.

Тренер на оваа екипа е Александар Ѓорѓевиќ, селектор на српската репрезентација. Претходните денови Теодосиќ ги одбил понудите од Макаби и Олимпијакос, како и Олимпија Милано која на крајот се одлучи за Серхио Родригез.