ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Седумка“ за Димитријевиќ, незгоден финиш за Хувентут

„Седумка“ за Димитријевиќ, незгоден финиш за Хувентут

сподели
фото: Хувентуд

Иако имаше 20 поени предност во последната четвртина (69:49), каталонскиот клуб мораше да се спасува во финишот од натпреварот со Тенерифе на домашен терен.

Играчите на Хувентут се опуштија, му дозволија на противникот за четири минути да направи серија од 13:0, да се доближи на 75:73, а му останаа уште 79 секунди да го комплетира сензационалниот пресврт. Сепак, до него не дојде, точка стави Харангоди на осум секунди пред крајот за победа од 77:73.

Димитријевиќ не теренот помина 18 минути, постигна 7 поени (1/4 за 3, 2/5 за два), 2 скока и 3 асистенци.