ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Седум минути без поен за пораз од Унгарија

Седум минути без поен за пораз од Унгарија

сподели
КФСМ

Младинската репрезентација на Македонија претрпе пораз во вториот контролен дуел со Унгарија одигран во Секешфехервар.

По драматичниот триумф во првиот дуел со кош во последната секунда, нашите кошаркари сега загубија со 56:47. Клучни беа седумте минути без постигнат поен пред крајот на втората и почетокот на третата четвртина, период во кој Унгарците направија 11:0 и поведоа со 40:26.

Во натамошниот дел од мечот избраниците на Дарко Радуловиќ не успеаја да се консолидираат и да ја загрозат победата на домашната селекција.

Најефикасен во нашата репрезентација на вториот меч беше Славчо Темелковски со 12 поени на кои додаде и 7 скока.

Ова е петти пораз за македонската младинска репрезентација на седмиот меч во рамките на подготовките за Европското првенство Б-дивизија што од 12 до 21 јули ќе се одржи во Португалија.