ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Се врати стариот Љуљ – 12 поени за 150 секунди

(ВИДЕО) Се врати стариот Љуљ – 12 поени за 150 секунди

сподели

Ѕвездата на Реал доби низа критики за својата форма по враќањето од повредата и многумина се сомневаа дека нема да го достигне нивото од порано.

Одлучи да им одговори и за тоа го чекаше периодот кога е најдобар – пред крајот на натпреварот со Билбао во четвртфиналето од Копа дел Реј. Реал Мадрид цело време водеше, но баскискиот тим постојано му дишеше во врат. Се додека баскетот во свои раце не го презеде Серхио Љуљ.

За 2:30 минути во последната четвртина искусниот плејмејкер постигна 12 поени: три тројки од кои една со лична грешка и погодено слободно фрлања и уште два изолирани пенала. Го откажа Билбао и го однесе својот тим во полуфиналето каде место со Барселона, ќе игра со Валенсија.

На крајот Љуљ беше и најефикасен на натпреварот со вкупно 19 поени, три повеќе од својот соиграч Габриел Дек.