ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се враќа „сараевската генерација“, ги доби противниците за ЕП

Се враќа „сараевската генерација“, ги доби противниците за ЕП

сподели

Две години откако го освои третото место на Европското првенство Б-дивизија во босанската престолнина, генерацијата 2002 повторно ќе заигра заедно, овојпат на јуниорскиот шампионат.

Момците кои тогаш не израдуваа, ги добија противниците за Европското првенство Б-дивизија што повторно ќе се одржи во Орадеа, како и минатото лето кога во истата категорија го освоивме четвртото место и за малку не обезбедивме пласман во елитата.

Противници на нашите јуниори во групата Д ќе бидат Летонија, Данска, Белорусија, Шведска и Косово, репрезентации против кои можеме да бркаме висок пласман.