ПОЧЕТНА Репрезентации Се во знакот на „осумката“ – 8 играчи, 88 поени, 8/8 за...

Се во знакот на „осумката“ – 8 играчи, 88 поени, 8/8 за Србија

сподели

Еден од најсериозните кандидати за титулата на Светското првенство ја забележа втората победа турнирот Остајгер куп што се одржува во Шенјанг, а е генерална проба пред Мундијалот.

По Италија, српската репрезентација го победи и Нов Зеланд и и останува уште дуелот со Франција. Натпреварот беше многу интересен од повеќе аспекти. Србија имаше константно водство, на моменти и со над 20 поени разлика, но на крајот победи со 88:78.

Александар Ѓорѓевиќ го одигра натпреварот со само осуммина кошаркари: Бјелица има воспаление на мускулите, Богдановиќ почувствувал замор, Лучиќ заздравува од повредата, а Радуљица бил на ред да одмора.

Од скратениот ростер Милутинов постигна 19 поени, Марјановиќ 17, а Јовиќ 13. Кај Нов Зеланд, Џек Вебстер беше најефикасен со 16 поени.

Ова беше осма победа за српската репрезентација во осмиот подготвителен натпревар пред Светското првенство. Последниот ќе го одигра на 27 август против Франција.