ПОЧЕТНА ЕВРОПА Се тресеа „црно-белите“, Игокеа го испушти Партизан

Се тресеа „црно-белите“, Игокеа го испушти Партизан

сподели
aba-liga.com

Партизан со победа ја почна новата сезона во АБА лигата иако малку недостасуваше да им приреди непријатно изненадување на своите навивачи.

На гости кај Игокеа славеше со 73:75, но до последната секунда мораше да стравува за триумфот иако имаше и 13 поени предност (40:53). Домаќините се вратија со серија од 9:0, во последната четвртина имаа и водство, ама не издржаа до крај.

Во драматичната завршница Јанковиќ го донесе Партизан во водство од 74:70, Игокеа преку Еванс намали на -1, а Волден на 19 секунди пред крајот погоди само едно од двете слободни фрлања. Во последниот напад Вон и Лешиќ имаа шутеви од под кошот за продолжение, но не не искористија.