ПОЧЕТНА Некатегоризирана Се собраа звездаши во Далас

Се собраа звездаши во Далас

сподели
Фото: Sean M. Haffey

Четврти европски кошаркар добија Маверикс за претстојната сезона во НБА лигата. По Лука Дончиќ, Кристапс Порзингис и Макси Клебер, нов играч во тимот е српскиот репрезентативец Бобан Марјановиќ.

Искусниот центар потпиша договор на две сезони за вкупно седум милиони долари, а тоа ќе биде негов четврти тим во НБА Лигата по Сан Антонио Спарс, Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија 76-ерс.

Марјановиќ ја доби битката за центарската позиција во Далас со досегашниот член на Реал Мадрид, Густаво Ајон кој, исто така, беше во конкуренција. Досега тој одигра 186 натпревари во НБА лигата со просек од 6,2 поена и 4 скока.

Се разбира дека најблизок ќе биде со Лука Дончиќ со кого освен јазикот, заедничка му е љубовта кон Црвена Звезда. Тој може да се пофали и дека го носел дресот на овој клуб за разлика од 20-годишниот Словенец кој не ја крие љубовта кон актуелниот шампион на Србија и АБА лигата.