ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се случи и тоа: Гостивар го освои Аеродром

Се случи и тоа: Гостивар го освои Аеродром

сподели

Првпат откако пред три години се врати во Првата лига, шампионот од 2000 година триумфираше на теренот на МЗТ Скопје.

Во дербито на првото пролетно коло победи со 72:78 и се врати на челната позиција на табелата. Гостивар доминираше во најголемиот дел од мечот, а за тоа колку беше моќен најдобро зборува што МЗТ Скопје водеше во само пет наврати: четири со по еден и еднаш со два разлика.

Клучен период беше последната четвртина, односно серијата од 9:2 кон средината на тој период по што Гостивар отиде на +10 (59:69). Шампионот до крајот на мечот не успеа да одговори на тој предизвик.