ПОЧЕТНА СП 2019 Се случи чудото, Германците се елиминирани

Се случи чудото, Германците се елиминирани

сподели
FIBA

Првото изненадување на Светското првенство го направи селекцијата на Доминиканска Република која сега е на чекор од пласман во следната фаза.

Во второто коло репрезентацијата од Централна Америка ја совлада Германија со 70:68, а противникот го испрати во борба за пласман од 17-то до 32-ро место. Европскиот шампион од 1993 година е можеби најголем губитник на овој Мундобаскет бидејќи двата пораза што ги претрпе се со вкупно 6 поени разлика (4 од Франција и 2 од Доминиканска Република).

Кошаркарите на Хенрик Редл имаа напад за победа, им останаа осум секунди, но Денис Шрудер ја уништи акцијата. Прво тргна кон кош, но се премисли, па исфрли тешко додавање кон Бартел кој беше на „тројка“, но едвај успеа да ја фати топката. Логично, не успеа да погоди и Германија мораше да му честита на ривалот.

Шрудер беше најефикасен во својата репрезентација со 20 поени, но шутираше катастрофални 5/18 од игра и кај него треба да се бара причината за поразот.

Кај Доминиканска Република, Виктор Лус постигна 17 поени, Елој Варгас 16, а Роналд Робертс 10. Во последното коло оваа селекција ќе се бори за првото место против Франција.