ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се раздвижи Струга – во еден ден потпишаа девет играчи!

Се раздвижи Струга – во еден ден потпишаа девет играчи!

сподели

Еден месец откако КФСМ објави дека Црн Дрим во новата сезона ќе биде прволигаш, раководството на клубот обезбеди три четвртини од играчкиот состав.

Стружани донесоа петмина нови и продолжија договори со уште четворица кошаркари на кои ќе се темели играта на еден од најмладите состави во Првата лига. Нови членови на Црн Дрим се: Михајло Арсовски, Андреј Атанасов, Ѓорѓи Зафиров, Мартин Ристовски и Андреј Настовски, а во екипата останаа браќата Петар и Васко Бојовски, Габриел Коскоски и Христијан Радичевски. Настовски и минатата сезона играше за Црн Дрим, но како позајмен играч од Вардар.

Договорите со овие деветмина, главно млади, кошаркари е уште еден доказ за интенцијата на управата и стручниот штаб да игра со домашни играчи кои треба да бидат освежување во Првата лига, што е за поздравување. Доминираат стружани и охриѓани, но има и поранешни членови на Работнички и МЗТ Скопје, како и сегашни и некогашни младински репрезентативци, кои заедно со останатите ќе добијат шанса за афирмација.

Црн Дрим во моментов преговара со уште двајца талентирани кошаркари, а планира да ангажира и две странски засилувања кои треба да го „носат“ овој млад тим.