ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се раздвижи Гостивар, стигна американски плејмејкер

Се раздвижи Гостивар, стигна американски плејмејкер

сподели

Полуфиналистот во националниот Куп и во првенството го договори првото засилување за новата сезона.

Пред најдобрата публика во земјава ќе игра Донован Доналдсон, плејмејкер висок 183 сантиметри кој во Гостивар пристигна од американскиот колеџ тим Таскалум.

Доналдсон е и првиот сигурен странски кошаркар во Гостивар за новата сезона. Фурстингер си замина, Ефианаи исто така, а неизвесна е судбината на Сегариќ кој беше член на тимот претходните две години.