ПОЧЕТНА ЕВРОПА Се растури тимот на Нено Димитријевиќ

Се растури тимот на Нено Димитријевиќ

сподели

Голем број шпански прволигаши, меѓу нив и најтрофејните – Реал и Барселона, летово ќе доживеат реконструкција на своите екипи и со свежи сили ќе ја дочекаат новата сезона.

Исклучок нема да биде ниту Хувентут, екипата чиј член уште е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Не помина ни една недела од официјалниот крај на сезоната, а од каталонскиот клуб си заминаа веќе четворица кошаркари.

Прв беше Клемен Препелиќ кој се пресели во Валенсија, а денеска Хувентут го објави крајот на соработката уште со Ален Омиќ, Керем Кантер и Оливер Стевиќ. Сите четворица беа значаен дел од европскиот шампион од 1994 година кој претстојната сезона ќе се натпреварува во Еврокупот.

Можно е редовите на Хувентут да ги напушти и Димитријевиќ за кого Еуробаскет уште пред почетокот на завршниот турнир од АЦБ лигата објави дека се договорил со Валенсија. Постои опција тој да потпише со шпанскиот шампион од 2017 година, но да остане во Бадалона уште една сезона како позајмен играч.

Шпанските медиуми шпекулираат дека по една сезона во Реал, Хувентут ќе го врати аргентинскиот репрезентативец и МВП од сезоната 18/19, Николас Лапровитола.