ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се раѓа уште еден кошаркарски клуб во Аеродром

Се раѓа уште еден кошаркарски клуб во Аеродром

сподели

Кошаркарскиот клуб Теам Basket – Skopje има за цел повторно да ги активира помладите генерации да се бават со спортот кошарка и со макотрпна работа да ги вратиме децата на терените, како порано кога населбата живееше за овој спорт.

Клубот работи со деца на возраст од 6 до 18 години, возраст за која клубот има посебна програма и цели како тие да станат професионалци.

„Во општина која е најбројна по жители на ниво на државава, ќе кажам дека мора да излезат неколку репрезентативци во рок од 6 до 7 години, но за тоа е потребно многу труд, посветеност и внимание од нас како тренери и од децата како играчки кадар.“ – изјави Мартин Петковски.

Тренинзите мометално се одржуваат во неколку училишта во Општина Аеродром, меѓутоа во план е да се опфатат и другите општини во град Скопје.

„Јавно ги повикувам сите деца кои имаат желба и сонуваат да бидат големи кошаркарски sвезди, да дојдат на тренинг заедно со голем труд и желба да стигнеме до посакуваната цел.“ – изјави Мартин Петковски.

Тим Баскет сака да порача дека кошарката не е само една обична игра, туку преку неа се развиваат личности. Се стекнуваат навики за здрав спортски живот, се формираат нови пријателства и се случуваат сите други убавини што ги носи овој спорт.

Биди и ти ТИМ БАСКЕТ!

>>ПР текст<<