ПОЧЕТНА Некатегоризирана Се обединија, повторно, против лутиот ривал

Се обединија, повторно, против лутиот ривал

сподели
sports.yahoo.com

Некогаш во Бостон, а сега во Клиперс, Док Риверс и Тајрон Лу ќе се обидат повторно да му го земат скалпот на тимот што е еден од симболите на НБА лигата.

Иако беше сериозен кандидат за обединување со Леброн Џејмс, со кого одигра три финалиња по ред во Кливленд, сепак Лу ќе седне до Риверс на кого му беше асистент и во Селтикс (2011-13).

Тогаш во Бостон не успеа и дојде по поразот во финалето од Лејкерс, но сега, со Кави Ленард и Пол Џорџ, екипата на Клиперс е сериозен кандидат за престолот во најквалитетната кошаркарска лига на светот.