ПОЧЕТНА ЕВРОПА Се јави и АБА: Уште ја чекаме Приморска

Се јави и АБА: Уште ја чекаме Приморска

сподели

И покрај победничкото расположение во Аеродром кога станува збор за место во елитната дивизија од регионалната лига, се чини дека седумкратниот македонски првак ќе треба да почека уште малку на одлуката по ова прашање.

Спортскиот директор на АБА, Милија Војиновиќ откри дека словенечкиот тим не добил никаков ултиматум и дека има време за да се пријави за новата сезона.

„Досега не поставувавме никакви рокови, ниту дополнителни барања. Сите клубови од нас добија документација за регистрација. Прочитав информации во медиумите дека Приморска нема да учествува во АБА лигата, но уште чекаме официјална одлука и нагласувам дека не сме поставиле никакви услови.

Внимателно следиме како се развива ситуацијата и ќе обезбедиме АБА да функционира во нормални услови. Од исклучително значење ни е сите клубови да бидат подготвени организационо и финансиски за да се натпреваруваат на највисоко можно ниво, а во согласност со високиот рејтинг на АБА лигата“, изјави Војиновиќ.

Приморска се наоѓа во големи финансиски проблеми поради што пред неколку дена не доби лиценца за настап во Првата лига на Словенија. Но, тоа е само прва фаза, во следниот период, ако ги реши, ќе има можност да се пријави ин во домашното првенство и во АБА лигата.