ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Се искупи ли Сале Национале?

Се искупи ли Сале Национале?

сподели
FIBA

Ако воопшто и некому должи отчит, ако воопшто и треба пред некого да се правда, ако воопшто и треба да зборуваме на оваа тема, дали победата на Србија против САД е мелемот за раните од поразите во дуелите со Шпанија во втората фаза по групи и од Аргентина во 1/4 финалето?

Србите беа доминантни против Американците и тоа без некаков посебен учинок и ангажман на Никола Јокиќ, на големо оценет како најдобриот играч на овој мундијал. Одиграа маестрална прва четвртина (32:7), потоа балкански се лизгаа натаму-наваму, за на крајот светски да завршат со конечни 94:89.

Ќе му се даде ли уште една шанса, на следните ЛОИ во Токио 2020, до каде прво треба да се стигне преку квалификациски турнир? Реално, Србија во моментов и нема некоја тренерска величина што може да го наследи, но ќе видиме што ќе донесе периодот по враќањето на српската експедиција од Кина.