ПОЧЕТНА СВЕТ Се ближи крајот на Попович, Спарс веќе му најдоа замена!

Се ближи крајот на Попович, Спарс веќе му најдоа замена!

сподели
nba.com

„Вечниот“ тренер на Сан Антонио ја тера 24. сезона на клупата на петкратниот првак, но и самиот е свесен дека нема уште долго да остане таму.

Веќе има 70 години, Спарс играат се послабо и бележат се послаби резултати и прашање е дали ќе ја продолжат долгата низа на учества во плеј-офот. Неодамна тој зборуваше за својата иднина, но не даде конкретен одговор дали планира да остане во франшизата од Тексас и идната сезона.

Бил Селф (фото: Sports Illustrated)

Без оглед на тоа, генералниот менаџер на Спарс, Ар Си Бјуфорд веќе почнал да го бара наследникот на Попович. Американскиот портал CBS тврди дека тоа ќе биде долгогодишниот тренер на Канзас Џејхокс и добар пријател на Поп, Бил Селф. Интересно е тоа што Универзитетот Канзас е под истрага на НЦАА поради непочитување на правилникот за регрутирање млади кошаркари и можно е Селф наскоро да добие отказ.

Селф има 56 години, а од 2003 е е тренер на Џејхокс со кого има над 650 победи во НЦАА и една шампионска титула, од 2008 со Дерик Роуз и Џон Калипари.