ПОЧЕТНА СВЕТ Се ближи и тој ден: Вилијамсон ќе дебитира во НБА!

Се ближи и тој ден: Вилијамсон ќе дебитира во НБА!

сподели

По тримесечно чекање, првиот пик од последниот драфт, конечно излегува на терен. Зајон Вилијамсон ќе биде во составот на Њу Орлеанс Пеликанс за натпреварпт против Јута Џез кој се игра ноќта среда кон четврток (17 јануари) по средноевропско време.

Тинејџерот се повреди за време на подготовките, а потоа се оддолжи процесот на заздравување кој требаше да трае два месеца. Во меѓувреме тимските доктори го учеа Вилијамсон да оди и трча на друг начин, со цел да не му се повтори повредата.