ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шарас се врати во Барса!

Шарас се врати во Барса!

сподели

Точно седум години и еден ден откако официјално, како играч, ја напушти Блауграна, литванската легенда Шарунас Јасикевичиус го презема каталонскиот џин, како замена за својот поранешен тренер Светислав Пешиќ.

Своето играчко заминување од Барселона, Шарас го објави на 1 јули 2013 година, потоа одигра уште една сезона во матичниот Жалгирис и објави крај на кариерата. Во клубот од Каунас почна како тренер, прво помошен, потоа и главен, а од денеска ја стартува новата епизода.

Барселона објави дека е постигнат договор со Шарунас Јасикевичиус според кој Литванецот ќе ја води екипата во следните три години. Пред десетина дена тој се спомнуваше како главен кандидат за наследник на Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенербахче, но тогаш рече дека преферира да почека малку, до крајот на сезоната во шпанското првенство, за евентуално да го наследи Светислав Пешиќ ако тој одлучи да си замине.

Српскиот стручњак вчера објави дека со раководството на клубот веќе бил договорен за прекин на соработката на крајот од сезоната што наведува на заклучок дека Јасикевичиус одамна имал договор со раководството на клубот.