ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Шанса за Србија, првата ѕвезда нема да игра за САД?

Шанса за Србија, првата ѕвезда нема да игра за САД?

сподели
Aktuelno.net

И последниот НБА суперстар, што требаше да биде гаранција за Американците за одбраната на златниот медал на претстојното светско првенство во Кина, нема да го облече дресот на својата земја со цел да се подготвува за претстојната сезона.

Џејмс Харден од Хјустон Рокетс е последниот во низата на големите играчи, кои што го откажаа учеството на тренинг кампот на САД, а со тоа и настапот на мундобаскетот во септември. Претходно, тоа го стори и Ентони Дејвис, кој што потпиша за Лејкерс.

фото: LA Lakers

Од звучните кошаркари кои што играат во најсилната лига на светот, на списокот на селекторот Грег Попович останаа Бил, МекКолум, Татум, Лилард, Вокер, Такер, Милсап, Олдриџ и ДеРозан. Нешто „слично“ се случуваше во Индијанаполис 2002-та година, а исходот го знаеме.

За разлика од Американците кои што останаа без најголемите ѕвезди, составот на Србија е најсилниот можен во моментов, што ќе биде сериозна прилика и голем тест за Александар Ѓорѓевиќ и неговите избраници, кои што ги имаат сребрените медали од последните три големи натпреварувања (ЕП, СП и ЛОИ).