ПОЧЕТНА Некатегоризирана Сан Антонио е една голема депонија

Сан Антонио е една голема депонија

сподели
OregonLive.com

Поранешниот НБА кошаркар Ричард Џеферсон ги посочи најлошите франшиза и град во кој играл во кариерата.

Без многу размислување, тоа според него е Сан Антонио каде помина три сезони, од 2009 до 2012 година. Иако Спарс за многумина се поим за квалитетен тим и кошаркарска средина, Џеферсон воопшто не е инспириран.

„Најлошо место во кое морав да играм? Па, Сан Антонио е една голема депонија од град. Навивачите на Спарс ме мразеа колку и да зборував убаво за нив. Доаѓаа моменти кога морав да им кажам да од**ат“, изјави Џеферсон.

За трите сезони во Сан Антонио тој не освои титула во НБА лигата. До единствениот шампионски трофеј стигна во дресот на Кливленд, во 2016 година.