ПОЧЕТНА А Репрезентација Самурајот Ричард Хендрикс

Самурајот Ричард Хендрикс

сподели

Македонскиот репрезентативец со американско потекло својата кариера ќе ја продолжи на Далечниот исток, поточно во јапонското првенство.

Тој се договори со тамошниот прволигаш Осака Евеса и доаѓа како замена за повредениот Пери Елис. Последната сезона ја помина во француското првенство, во тимот на Ле Ман каде постигнуваше по 8,4 поени и 5,3 скока по натпревар.

Неговото заминување во Јапонија може да предизвика проблеми за македонската репрезентација која во февруари ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Хендрикс беше еден од најдобрите и најстандардни кошаркари во двата циклуса претквалификации кои Македонија успешно ги помина.

Ако Хендрикс не игра, останува алтернативата со Шејн Витингтон или натурализиран кошаркар кој би го избрало новото раководство во консултација со, најверојатно, новиот селектор.