ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот тргна во акција

Шампионот тргна во акција

сподели
фото: МЗТ Скопје

Бранителот на титулата и седумкратен првак во домашното првенство МЗТ Скопје ги почна подготовките за ноата сезона во која повторно ќе се натпреварува на три фронта.

Со драстично изменет состав во однос на последната натпреварувачка кампања аеродромци го одржаа првиот тренинг на кој не присуствуваше единственото странски засилување Нуни Омот, но тука беа другите летни засилувања. Во однос на минатата сезона ги нема четворицата интернационалци Џејмс Вудард, Иве Иванов, Андрија Бојиќ и Лестер Медфорд, плус Предраг Самарџиски, Љубомир Младеновски и Дарко Соколов.

Останаа репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, како и Ранко Мамузиќ. Нови засилувања се Кристијан Николов, Бојан Крстевски и Иван Волкановски.

Во периодот на подготовките треба да се комплетира составот, најавено е ангажирање на уште најмалку двајца странци. Од нивните квалитети зависи дали МЗТ Скопје повторно ќе се бори за трофеите во домашното првенство и титулата во АБА 2 која обезбедува и пласман во елитната дивизија од регионалното натпреварување.

Во периодот на подготовките шампионот планира пријателски натпревар против Крајова каде работи македонскиот стручњак Александар Тодоров, а потврдено е учеството на турнир во Романија, со Орадеа и Солнок.