ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шампионот ранлив на почетокот на сезоната, Будуќност искористи

Шампионот ранлив на почетокот на сезоната, Будуќност искористи

сподели
aba-liga.com

Дербито на второто коло од АБА лигата заврши со мало изненадување бидејќи Црвена Звезда го претрпе првиот пораз на домашен терен по пауза од 18 месеци. Будуќност повторно славеше во „Пионир“, со 81:89 и по два меча остана една од четирите непоразени екипи, заедно со ФМП, Цедевита Олимпија и Морнар.

За Звезда ова е прв пораз во АБА лигата, но втор во регионалните натпреварувања затоа што загуби и од Приморска во четвртфиналето од АБА Суперкупот. Неуспехот доаѓа само три дена по победата против Фенербахче во Евролигата.