ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот најде центар во центар

Шампионот најде центар во центар

сподели

Како што најави basketball.mk пред помалку од 24 часа, Бојан Крстевски го напушти Работнички и го засили шампионот МЗТ Скопје.

Искусниот центар потпиша двегодишен договор со клубот од Аеродром и е втор нов играч во составот на Ѓорѓи Кочов, по Кристијан Николов.

МЗТ Скопје е шести македонски клуб за Крстевски кој покрај Работнички, беше член уште на Центар, Вардар, Кожув и Торус. Во еден период од кариерата беше и соиграч со Кочов, во редовите на Вардар.

Крстевски треба да биде замена за Љубомир Младеновски кој го напушти МЗТ на крајот од последната сезона. Со оглед на тоа што е исклучително вреден и дисциплиниран играч, не би требало да има проблем да се вклопи во филозофијата на Кочов.