ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот ја преживеа и Битола

Шампионот ја преживеа и Битола

сподели
Џабари Хиндс ја постигна клучната тројка на мечт (фото: Spars/Merjem Berbic)

Како што победи во првото коло против Кожув, МЗТ Скопје се врати со двата бода и од гостувањето кај Пелистер. Победи со 84:89 иако повеќе од едно полувреме домаќините го диктираа темпото и се закануваа да направат сензација.

По серијата од 11:0 во втората половина од третата четвртина, шампионот од негатива од четири, дојде во предност од осум разлика, но сепак победникот се одлучуваше во финишот. На 16 секунди пред крајот резултатот беше 84:84, Хиндс во следниот напад постигна тројка, а точка стави Маслинко со две слободни фрлања на пет секунди пред последниот звук на сирената.