ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Само во Македонија е ваква табелата!

Само во Македонија е ваква табелата!

сподели

Натпреварот меѓу Еуро Никел и МЗТ Скопје беше претпоследен од осмото коло на Првата македонска кошаркарска лига, но последниот, меѓу МЗТ 2 и Пелистер кој е закажан за 4 декември не може да смени ништо во горниот дел од табелата.

А, изненадувањето во Кавадарци предизвика чудна ситуација на врвот. Пред две недели првото место го делеа три, а сега на него се дури четири екипи со биланс 6/2. Формално на чело е Кожув поради најдобрата кош-разлика, а по него се уште Гостивар, МЗТ Скопје и Еуро Никел.

Направивме преглед на поголемиот дел од националните првенства ширум светот. Во ниедна земја нема ваква ситуација во моментов, некаде првото место го делат најмногу до две екипи, но никаде четири.

Ваквата ситуација ветува голема неизвесност оваа сезона во македонското првенство за кое тренерите велат дека е најизрамнето досега.