ПОЧЕТНА Други репрезентации Само ние и новата доминантна младинска сила имаме максимален учинок

Само ние и новата доминантна младинска сила имаме максимален учинок

сподели
fiba.basketball

Македонија ја заврши групната фаза на ЕП за играчи до 18 години на првата позиција во групата Б, со 5 победи по 5 одиграни кола, во коишто беа совладани Ирска, Украина, Грузија, Словачка и Данска.

Се пласиравме во 1/4 финалето, кадешто ќе се соочиме Естонија која беше второпласирана селекција од групата А, а најдобрите три репрезентации на крајот на првенството ќе добијат билет за А дивизијата.

Освен нашата, само селекцијата на Израел ја заврши групната фаза без пораз, славејќи против Чешка, БиХ, Исланд, Норвешка и Луксембург.

Полска, Естонија и Белгија во групата А имаа по еден пораз, Полјаците се први. Португалија, Шведска и Белорусија имаа по еден пораз во групата Д, Португалците се први.

Четвртфиналните двојки, се:

Полска – Грузија (1)
Португалија – Чешка (2)
Македонија – Естонија (3)
Израел – Шведска (4)

Во полуфиналето вкрстуваат победниците од првиот и вториот, односно третиот и четвртиот дуел.

Да потсетиме дека Израелците се двојни шампиони на континенталните собири до 20 години во А дивизијата, воедно играат одлично и во другите категории, со што ја потврдуваат квалитетната младинска школа што ја развиваа со години, а кулминацијата ја доживуваат последните неколку.