ПОЧЕТНА Некатегоризирана Само еден квалификациски турнир ќе се игра во Европа

Само еден квалификациски турнир ќе се игра во Европа

сподели
FIBA

На групата од 16 најдобропласирани репрезентации од Светското првенство кои не обезбедија учество на Олимписките игри и се приклучија по две селекции од секој континент врз основа на најновата ранг-листа на ФИБА и тие сите заедно ќе учествуваат на мини-светското првенство идното лето кое го носи името квалификации за ЛОИ во Токио.

Четири турнири со по шест селекции ќе се играат на четири различни континенти што значи дека само една од 12-те европски репрезентации ќе има можност да организира турнир и на тој начин да си ја олесни задачата. Само победниците од четирите турнири добиваат виза за Токио.

Ако не го менува принципот при ждрепката, ФИБА би требало да ги подели репрезентациите во шест шешири со тоа што првиот ќе биде пополнет со четирите најдобропласирани репрезентации од ранг-листата, а останатите ќе ги размести по географски принцип за да не може, на пример, во иста група да се најдат две африкански екипи.

FIBA

Во таков случај носители би биле Србија, Грција, Литванија и Русија, а во друга подгрупа би се нашле Чешка, Бразил, Италија и Полска. ФИБА соопшти дека наскоро ќе почне борбата за организација на квалификациските турнири, а заинтересирани веќе има многу.

Досега Италија, Грција и Литванија веќе најавија кандидатура, а нема сомнеж дека во трката ќе се вклучи и Србија која организираше еден од квалификациските турнири за претходните Олимписки игри, во Рио де Жанеиро. Квалификациите ќе се играат од 23 до 28 јуни 2020 година.

Пласман на Олимписките игри веќе имаат обезбедно: Јапонија, САД, Нигерија, Аргентина, Иран, Франција, Шпанија и Австралија.