ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шамари од лево и од десно, за Звезда

Шамари од лево и од десно, за Звезда

сподели
euroleague.net

Црвено-белите во еден ден останаа без двајца играчи, кои минатата сезона беа клучни во ротацијата и се меѓу поквалитетните во европски рамки.

euroleague.net

Чарлс Џенкинс најверојатно продолжува во Олимпијакос, шпекулираат неговиот агент и медиумите, а Кевин Пантер потпиша за италијанската Олимпија.

euroleague.net

Вториот слета на местото на Немања Недовиќ, поранешен играч на Црвена звезда, кој моментално е без ангажман по две години поминати во Милано.