ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шалев се враќа во Кожув

Шалев се враќа во Кожув

сподели

Поранешниот македонски младински репрезентативец вторпат во својата кариера ќе биде член на Кожув.

Тој беше член на гевгелискиот клуб во сезоната 17/18 по што кратко играше во Гостивар, потоа во Вардар и од лани во Академија ФМП. Тимот од Кисела Вода сакаше да го задржи Мартин Шалев, но за него беше попримамлива понудата од Кожув.

Во моментов 24-годишниот играч е единствено засилување за поранешниот вицешампион кој пред крајот на мај официјално остана без Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски.