ПОЧЕТНА СВЕТ Сакате Small-ball? Еве ви small-ball!

Сакате Small-ball? Еве ви small-ball!

сподели
nba.com

Ентони Дејвис беше највисокиот играч на паркетот, Лејкерс удрија со рецептот на противникот и за малку не го уништија резултатски, или не сакаа. На средината на последниот период беше +23, кога тимот од ЛА одзеде гас.

Мечот заврши со резултат 100:110, за 3:1 во западното полуфинале. Втората најтрофејна франшиза е на пат кон битката за конференциската титула, од што ја дели само една победа во овој двобој со „ниските“ Рокетс.

Дејвис имаше 29 поени со 12 скока, Леброн Џејмс имаше 16 поени со 15 скока и 9 асистенции. Лејкерс доминираа во рекетот со 52 наспроти 26 скока за Хјустон, односно 62:24 изразено во поени, а од контри беше 19:2.