ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сакаме на ЕП, а клубовите ни ја држат државата најдолу во Европа???

Сакаме на ЕП, а клубовите ни ја држат државата најдолу во Европа???

сподели

Македонија со години, пардон, со децении нема соодветен претставник во меѓународните натпреварувања. Зборуваме за вистинските меѓународни натпреварувања каде навистина се игра кошарка.

Немаме радост и причина да одиме во сала од времето на победата на МЗТ во Скопје против Реал Мадрид во сезоната 1996/97 во Сапорта купот на ФИБА, а претходно на Работнички против моќните југословенски клубови и пласманот во полуфиналето на истиот Рајмундо Сапорта куп во сезоната 1975/76.

Wikipedia

Сакаме и вриштиме по пласман на континенталниот собир, а последниот кошаркар што може да игра во Европа ни е роден 1988, односно клубовите досега немаат ниту еден продукт или стратегија што може да ни навести дека нешто ќе се смени.

FIBA

Доказ за нашата кошаркарска отсатност од реалноста е последниот ранкинг на ФИБА, според учинокот на екипите што се натпреваруваат во Лигата на шампионите на ФИБА. Македонија е на последното место. Повеќе треба ли да се каже?

Играчи се прават во клубовите, тоа е главниот бунар од каде што се црпат и репрезентативците. Најлесно е да се обвинуваат претседателите на федерациите, или да се плука по судиите. Нема алиби! Треба да се засукаат ракавите!