ПОЧЕТНА СП 2019 САД и Србија меѓу фаворитите, но имаат и другите што да кажат

САД и Србија меѓу фаворитите, но имаат и другите што да кажат

сподели
Американците се ослабени, но и покрај тоа се ултраквалитетна селекција предводена од селекторот Грег Попович (фото: USA Basketball).

Пред стартот на светското првенство во Кина, две селекции се издвоија како најголеми фаворити за златниот медал, но никако не смееме да ги отпишеме другите, кои имаат своја математика и не се случајно во Кина.

Србија се надева на финале (фото: FIBA).

Србија згази се пред себе во подготвителниот период, но тоа е само загревање и не значи ништо. Американците загубија од Австралија, но и тоа не мора да значи ништо. Многу играчи се откажа или се повредени кај овие и кај другите репрезентации.

Австралија веќе се радуваше против Американците (фото: USA Basketball).

Канада има НБА играчи да наполни два првокласни ростера, но дојдоа само двајца и тоа од не-толку-звучните. Австралија со четири НБА ѕвезди има планови да скине нечиј скалп, ќе видиме чиј ќе биде тоа.

Бразил на чело со селекторот Александар Петровиќ (фото: neuck.com).

Европските земји како Шпанија која е најуспешна од и на Стариот континент последниве скоро две децении, Франција која врие од квалитет, Италија која не се плаши од никого, Литванија која има расна школа и другите, се непријатни противници, особено ако имаат свој (шутерски) ден.

Јанис и традицијата се на страната на Грците (фото: FIBA).

Аргентина има богата кошаркарска историја, Бразил исто така, а Германија, Грција (која експертите ја вбројуваат во кандидат за медал), Русија, Турција, па и домаќинот, не се воопшто за потценување.

Вучевиќ е еден од најдобрите и најскапите НБА центри (фото: FIBA).

Црногорците дојдоа како дебитанти и се толку непредвидлива репрезентација, што може од далечина и од позадина да му вбризгаат многу енергија на ова СП. И другиот дебитант – Чешка, има огромен потенцијал иако остана со само еден свој НБА мохиканец.

Саторански е џокерот за добар пласман на Чесите (фото: FIBA).

Актуелен и двоен светски шампион е САД (2010, 2014), последната селекција што се радуваше пред Американците е Шпанија (2006). Цели пет години чекавме на светскиот самит, ова е прилика во која мора да се ужива и не смее да се пропушти.

Нека почне кошаркарското лудило!