ПОЧЕТНА Некатегоризирана Сабонис и Валанчиунас ќе ја предводат Литванија на СП

Сабонис и Валанчиунас ќе ја предводат Литванија на СП

сподели
twitter

Двајцата центри ја добија довербата да бидат првите виолини на својата земја, на претстојниот светски кошаркарски самит, што ќе се одржува од 31-ви август до 15-ти септември во Кина.

Селекторот Даиниус Адомаитис ги избра 17-те имиња кои што ќе ги финишираат подготовките и ако повреднеите Мачиулис и Артурас Гудаитис не се опорават, нема да додава нови играчи.

Во составот, покрај споменатите четворица, се Калниетис, Лекавичиус, Јанавичиус, Григонис, Сеибутис, Јушкевичиус, Буткевичиус, Гиедраитис, Улановас, Бенджиус, Кузминскас, Масиулис, Гебен и Еходас.

Домантас Сабонис е син на славниот советски и литвански кошаркар, сега претседател на кошаркарската федерација на Литванија, Арвидас Сабонис.