ПОЧЕТНА СВЕТ Русија суспендирана од Олимписките игри, нема да игра ни квалификации

Русија суспендирана од Олимписките игри, нема да игра ни квалификации

сподели
FIBA

Поранешниот европски шампион во кошарка нема да може да настапи на најголемата светска спортска смотра поради одлуката на Антидопинг агенцијата (WADA).

Сите руски селекции, вклучувајќи ја и кошаркарската се дисквалификувани, односно суспендирани од настап на Олимписките игри во Токио претстојното лето. Причина за тоа е прекршување на а антидопинг правилата, односно користење недозволени супстанци.

Одлуката е донесена едногласно на состанокот во Лозана и Русија има 21 дан да вложи жалба до Судот за спортска арбитража (CAS). Ова не е прва суспензија за Русите чии спортисти не може да настапат под знамето на својата земја на Зимските олимписки игри во 2018 година, но е прва кога станува збор за Летните олимпијади.

Репрезентацијата на Русија требаше да игра на квалификацискиот турнир во Сплит заедно домаќинот Хрватска, Германија, Мексико, Тунис и Бразил.