ПОЧЕТНА ЕВРОПА Русите се прошетаа низ Минхен

Русите се прошетаа низ Минхен

сподели
euroleague.net

Химки го совлада Баерн среде Германија со 74:87, за првата гостинска победа на рускиот претставник и првиот домашен пораз за Баварците. Алексеј Швед ги предводеше гостите со 19 поени, Антони Гил имаше 17, а Јанис Тима и Девин Букер регистрираа по 13 поени.

Кај поразените Грег Монро имаше 18 поени, Владимир Лучиќ и Маодо Ло имаа по 12. Домаќинот водеше по првите 10 минути со 19:17 по серијата 10:0, но гостинот нанижа серија 0:20 за 37:56. Химки има 3/1 на табелата во Евролига, додека Баерн Минхен има 2/2 по 4 одигрнаи кола.