ПОЧЕТНА Евролига Русија не може со остатокот од Европа, затоа ЦСКА има баснословен буџет

Русија не може со остатокот од Европа, затоа ЦСКА има баснословен буџет

сподели
Тренерот Итудис и претседателот Ватутин (Photo: Valery Sharifulin / TASS).

Години наназад, рускиот симбол на спортот има преку 20 милиони евра на располагање, секоја сезона во Евролига. Така ќе биде и оваа, во која што ќе се потрошат вкупно 26 милиони евра.

Ова се податоци кои што беа изнесени од претседателот на клубот, Андреј Ватутин, кој што се осврна на европскиот кошаркарски пазар.

„Никогаш не сме можеле ниту ќе можеме да се бориме со Шпанија или другите европски земји, каде што се негува кошарката. При две идентични понуди, играчите ја бираат на пример Шпанија.

фото: Антон Новодережкин/ТАСС

ЦСКА Москва има долгогодишна лиценца и не треба да се грижиме за нашиот евролигашки статус, но би сакал уште една руска екипа да го добие тој мирен сон. Специјалните покани не им одговараат на сите, но се одлични за финансиски привлечните пазари.“

Московската екипа е актуелен европски клупски шампион, а воедно е и редовен учесник на последните 8 завршни турнири во Евролига.

За споредба, хрватскиот државен буџет за 2017 изнесувал 25.790.000 евра.