ПОЧЕТНА СП 2019 Русија ќе извиси, Србија не простува

Русија ќе извиси, Србија не простува

сподели
FIBA

Русите беа совладани од Полјаците со 79:74 и ако селекцијата на Аргентина ја совлада Венецуела, што е многу веројатно, тогаш немаат шанса за пласман во елиминациите.

Аргентина и квалификуваната Полска имаат по 8 бода, во меѓусебниот дуел во следното коло и поразената екипа ќе има 9, а Русија и да победи против Венецуела ќе има 8 бода по второто коло по втората фаза по групи.

FIBA

Србија продолжи со бруталниот марш против аутсајдерите, безмилосно газејќи го и Порто Рико со 90:47. Ова беше втор меч за Србите под 100 постигнати поени, но противникот едноставно не знаеше каде се наоѓа.

Нашиот северен сосед и натаму останува најдобрата офанзивна екипа на светското првенство во Кина, со 103.3 поени по натпревар од 4 натпревари, пред Нов Зеланд со 94.7 и САД со 93.0 од по три одиграни дуели.