ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Рус во Пелистер

Рус во Пелистер

сподели

Амбициозната битолска екипа се засили со играчот што веќе има искуство од нашата кошаркарска лига, со настапите во Скопје и Гевгелија.

Антон Казарновски се пресели во Битола, по краткиот престој во Слобода Ужице и Аполон Патра минатата сезона.

Казарновски ја почна кариерата во Макаби, во 2003/04, има тиутула во Евролига освоена во Тел Авив (2004). Во кариерата, дури 20 пати менуваше екипи.

Казарновски е Израелец со руско потекло, има 34 години и 206 сантиметри, игра на позицијата центар.

Во Македонија, играше во редовите на Карпош Соколи каде што го доби надимакот од насловот и во гевгелиската екипа која што се фузира со Кожув, Блокотехна.