ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Рондо му збрца лакт во лицето на Кајри

(ВИДЕО) Рондо му збрца лакт во лицето на Кајри

сподели
фото: Nets

На дебито пред новата сезона, првата ѕвезда на Нетс во отсуство на од поодамна повредениот Кевин Дјурант, го напушти мечот во првата минута. Во една дефанзивна акција, Ражон Рондо го погоди во болното место, преку маската, која Ирвинг ја носи поради фрактурата што ја имаше на коските на лицето.

Кајри Ирвинг не се врати до крајот на мечот, но и без него и без Дјурант, неговата екипа Бруклин Нетс се радуваше против еден од најголемите кандидати за титулата, ЛА Лејкерс со 111:114, на предсезонскиот меч во Шангај кој се одигра во тензична атмосфера поради твитот на ГМ на Хјустон.