ПОЧЕТНА А Репрезентација Романците одлучија – клучниот натпревар го играме во Плоешти

Романците одлучија – клучниот натпревар го играме во Плоешти

сподели
fiba.basketball

Најважниот меч во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, нашата кошаркарска репрезентација ќе го игра на 21 февруари.

Гостуваме кај единствениот ривал за првото место Романија, а натпреварот ќе биде организиран во Плоешти. Олимписката арена во овој град има капацитет од 3.500 места, а ова нема да биде првпат нашиот противник да игра таму.

Македонската репрезентација во Плоешти може да го завери пласманот во главниот дел од квалификациите за континенталниот шампионат во 2021 година. Првиот меч на домашен терен во септември го добивме со 90:76 и сега ни одговара и пораз до 14 поени разлика.

Аплицирајте веднаш за

Во случај да не успееме да ја задржиме предноста, ќе очекуваме помош од Косово кој на 24 февруари ќе ја пречека Романија во последниот натпревар од претквалификациите. Косовците немаат резултатски императив бидејќи ги загубија шансите за натамошен пласман, но веројатно ќе играат за својата чест.