ПОЧЕТНА Некатегоризирана Рокетс се кренаа против НБА: Зошто не Харден???

Рокетс се кренаа против НБА: Зошто не Харден???

сподели

Франшизата од Тексас остро реагираше затоа што првата ѕвезда на нивниот тим не ја доби наградата за најкорисен играч сезонава во НБА лигата.

Признанието замина во рацете на Јанис Адетокумбо кој првпат во својата кариера е прогласен за МВП.

„Му честитаме на новиот МВП, но не се согласуваме со оваа одлука“, стои во официјалната реакција на Хјустон Рокетс.


За ова има неколку аргументи на својата страна: Харден е прв играч во историјата на НБА со просек од 35 поени и 7 асистенции по натпревар, последните пет години четири пати беше меѓу најдобрите двајца кошаркари во лигата, сезонава 28 пати постигна 40+, девет пати 50+ и два пати 60+ поени.