ПОЧЕТНА СВЕТ Риверс, Ленард и Џорџ сакаат да го заборават овој ден

Риверс, Ленард и Џорџ сакаат да го заборават овој ден

сподели
@nuggets

Двете главни ѕвезди на Клиперс немаа своја вечер во поразот кој ја елиминира нивната екипа од плеј-офот во центарот „Дизни“, во Орландо.

Сезоната за Каваи Ленард и Пол Џорџ заврши со 14, однонсо 10 поени, во натпреварот да се биде или не, во кој Џамал Мари на спротивната страна постигна 40 поени, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл со 16 поени, 13 асистенции и 22 скока.

Ова е трет пат за Док Риверс, да заврши една сезона откако во пле-офот водел со 3:1. Првиот пат загуби со Орландо од Детроит во 2003-та, а вториот пат со Клиперс од Хјустон пред 5 години.