ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ривалот на МЗТ Скопје дополнително се засилува

Ривалот на МЗТ Скопје дополнително се засилува

сподели

Лидерот на табелата во АБА 2, Борац донесе уште еден нов играч, во пресрет на завршницата од Купот на Србија, но и на регионалното натпреварување.

Дресот на тимот од Чачак ќе го носи 32-годишниот плејмејкер Светозар Поповиќ кој потпиша договор до крајот на АБА 2. Тоа значи дека Борац сите сили ги насочува кон оваа лига, со цел првпат во својата историја да обезбеди пласман во елитното друштво.

Борац и без Поповиќ беше силен, прв обезбеди пласман во плеј-офот и е најголем фаворит за титулата во АБА 2. Се надеваме дека противник во финалето ќе му биде МЗТ Скопје.