ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ривалот на МЗТ го намачи Партизан

Ривалот на МЗТ го намачи Партизан

сподели

Бранителот на трофејот во Купот на Србија обезбеди пласман во полуфиналето, но на многу потежок начин отколку што се очекуваше.

Партизан го совлада лидерот во АБА 2, каде се натпреварува и МЗТ Скопје, Борац со 87:79 во меч во кој на нешто повеќе од минута до крајот „црно-белите“ имаа предност од само три поени. Клучните кошеви ги постигна Томас за +7 и крај на сите дилеми. Во полуфиналето Партизан ќе игра со ФМП кој на овој турнир е засилен со двајца довчерашни кошаркари на Црвена Звезда, Филип Човиќ и Огњен Кузмиќ.

Четвртфиналниот натпревар беше само уште еден доказ за квалитетот со кој располага Борац и за тоа колку ќе му биде тешко на МЗТ Скопје во евентуалното финале од АБА 2.